Политика за приватност на апликацијата Lady I
Верзија 3.1 (внатрешна; се објавува како верзија 1.0) · Важи од: 【датум на објавување】
Структура. Овој документ има основен дел што важи за сите кориснички во светот, и прилози што важат само за одредени подрачја. Основниот дел Ви ги дава сите права што ги предвидува Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR), без оглед на тоа каде живеете. Прилозите додаваат само она што го бара локалниот пропис.
Полињата во 【загради】 се пополнуваат пред објавување.
1. Накратко
Lady I е апликација за следење на менструалниот циклус, плодноста, бременоста, периодот по породување и менопаузата. Податоците што ги внесувате се податоци за Вашето здравје и ние ги третираме како најчувствителна категорија. Оваа Политика објаснува кои податоци ги обработуваме, зошто, колку долго, со кого ги споделуваме и кои права ги имате.
Она што никогаш не го правиме:
- не ги продаваме Вашите податоци и не ги даваме на рекламни или аналитички мрежи;
- не прикажуваме реклами и не користиме рекламни идентификатори;
- не ги споделуваме Вашите здравствени податоци со продавниците за апликации ниту со социјалните мрежи;
- не ја следиме Вашата локација;
- не носиме автоматизирани одлуки со правни последици за Вас и не користиме вештачка интелигенција врз Вашите податоци;
- не ги откриваме Вашите податоци на домашни ниту на странски органи без правно обврзувачка одлука што важи или е призната во Република Северна Македонија (точка 14).
Она што е најважно да го знаете: За да создадете профил и да ја користите Апликацијата, не бараме Ваше име, е-пошта ниту телефон. Тие податоци ги обработуваме единствено ако сами одлучите да внесете име, да го регистрирате профилот, да купите членство или да ни испратите порака или повратна информација.
Без регистрација не знаеме кој стои зад профилот. Историјата што ја внесувате се чува само на Вашиот телефон: ако го изгубите или го смените телефонот, или ако ја избришете Апликацијата, податоците не може да се вратат — ниту на Ваше барање, бидејќи ние немаме копија од нив. Со регистриран профил (е-пошта или Google сметка) копија од податоците се чува на серверот и може да се врати на нов телефон.
Она што можете да го направите во секое време: да ја преземете целосната копија од Вашите податоци, трајно да ги избришете, или да ја повлечете согласноста — сето тоа сами, преку поставките во Вашиот Профил, без да нè прашате.
2. Кој е контролор и како да нè контактирате
Контролор на личните податоци е 【полн назив и правна форма】, 【адреса】, Скопје, Република Северна Македонија, ЕМБС 【број】 („Lady I", „ние").
Офицер за заштита на личните податоци: 【име и презиме】, е-пошта support@ladyiapp.com, адреса како погоре. За секое прашање за Вашите податоци или за остварување на Вашите права обратете се на офицерот.
Претставник во Европската Унија (согласно чл. 27 од GDPR): 【назив, адреса, е-пошта】. Корисничките со живеалиште во Европската Унија и во Европскиот економски простор може да му се обратат на претставникот по сите прашања за обработката на нивните податоци, на ист начин како и нам.
Претставник во Обединетото Кралство (согласно чл. 27 од UK GDPR): 【назив, адреса, е-пошта】. Корисничките со живеалиште во Обединетото Кралство може да му се обратат на претставникот на ист начин.
Медицинската и едукативната содржина во Апликацијата ја изготвува д-р Ирена Гошева. Апликацијата не дава здравствена услуга и преку неа не се остварува однос лекар—пациентка. Д-р Гошева е и овластено лице на Lady I; кои податоци може да ги види во тоа својство е наведено во точка 7.
3. Профил без регистрација, регистриран профил и што значи „анонимно"
Профил без регистрација. Апликацијата може да се користи без име, е-пошта, телефон или лозинка. При првото стартување се создава случаен идентификатор на Вашиот уред и профилот се врзува за него. Она што го внесувате во дневникот на здравје се чува само на Вашиот уред. На серверот, под тој идентификатор, се чуваат единствено податоците од категориите „Профил", „Известувања" и „Согласности" од точка 4 — односно одговорите од воведот и основните поставки, идентификаторот за известувања и евиденцијата на Вашите согласности. Овој профил е достапен само од тој уред: при деинсталација, губење или промена на уредот историјата не може да се врати, бидејќи копија од неа не постои.
Регистриран профил. За да можете да ги вратите податоците на нов уред и да користите платени услуги, можете да го регистрирате профилот со е-пошта (со еднократен код) или со Google сметка. Тогаш ја обработуваме и Вашата е-пошта, односно идентификаторот на Google сметката, и по избор Вашето име. При регистрацијата бараме Ваша посебна изречна согласност за копијата на серверот. Од регистрацијата натаму, копија од сите податоци што ги внесувате во Апликацијата — вклучително и дневникот на здравје — се чува на серверот и се ажурира додека ја користите Апликацијата. Кога ќе се најавите на нов уред, податоците се враќаат.
Што значи „анонимно" правно. Дури и без регистрација, податоците што ги внесувате се псевдонимизирани лични податоци од посебна категорија (податоци за здравјето): поврзани се со идентификаторот создаден на Вашиот уред, а податоците од профилот се чуваат и на наш сервер во Франкфурт, Сојузна Република Германија. Ние не знаеме кој стои зад идентификаторот, освен ако сами внесете име за извештајот или го регистрирате профилот. Затоа ги обработуваме само со Ваша изречна согласност и ги штитиме како лични податоци.
Што значи тоа за Вашите права. Кај профил без регистрација, без внесено име и без купување не можеме да Ве идентификуваме. Во тој случај не сме должни и нема да собираме дополнителни податоци само за да Ве поврземе со профилот (чл. 15 од ЗЗЛП / чл. 11 од GDPR). Наместо тоа, сите права ги остварувате самостојно, директно во Апликацијата, и тие дејствуваат веднаш — без барање, без чекање и без потреба да ни се откриете. Ако сепак ни пишете и ни го дадете идентификаторот на профилот прикажан во Профил, постапуваме по барањето како што е опишано во точка 10.
4. Кои податоци ги обработуваме
- Категорија
- Профил
- Податоци
- година на раѓање, возраст на прва менструација, просечна должина на циклус, избран режим (следење циклус, зачнување, бременост, по породување, менопауза), животна фаза изведена од годината на раѓање, јазик; ако сте ги внеле — име, крвна група и Rh-фактор, метод на контрацепција, дали доите, дали и од кога се обидувате да зачнете
- Од каде
- ги внесувате Вие; животната фаза ја пресметува Апликацијата
- Категорија
- Регистрација (по избор)
- Податоци
- е-пошта или идентификатор на Google сметка, време на најава
- Од каде
- ги внесувате Вие
- Категорија
- Дневник на здравје
- Податоци
- датуми на менструација и нејзин крај, интензитет на крварење и дневник на крварење (PBAC), расположение и болка, тестови за овулација, датум на последна менструација и очекуван термин, акушерска историја, тежина, висина, крвен притисок, движења на бебето, контракции, доење, контрацепција, превентивни прегледи и нивните датуми
- Од каде
- ги внесувате Вие
- Категорија
- Проценки
- Податоци
- очекувана менструација, плоден прозорец, гестациска недела, сигнали за внимание
- Од каде
- ги пресметува Апликацијата од Вашите внесови, по однапред утврдени правила
- Категорија
- Плаќања (ако купите членство)
- Податоци
- производ, износ, датум, статус, идентификатор на трансакцијата
- Од каде
- давателот на платежни услуги или продавницата; ние никогаш не добиваме број на картичка
- Категорија
- Известувања
- Податоци
- идентификатор на уредот за известувања, Ваши поставки за известувања, евиденција на испратени известувања
- Од каде
- ги создава Апликацијата
- Категорија
- Согласности
- Податоци
- вид на согласност, верзија на текстот, датум, дадена или повлечена
- Од каде
- ги давате Вие во Апликацијата
- Категорија
- Поддршка
- Податоци
- Вашата е-пошта и содржината на пораката кога ни пишувате
- Од каде
- ги праќате Вие
- Категорија
- Технички податоци
- Податоци
- извештаи за грешки (модел на уред, верзија на систем и на Апликацијата, опис на грешката)
- Од каде
- ги создава Апликацијата
Не собираме: локација, контакти, фотографии, рекламни идентификатори, податоци од други апликации или паметни часовници.
Каде се чуваат податоците. Кај профил без регистрација дневникот на здравје и проценките остануваат само на Вашиот уред и не се испраќаат на серверот; на серверот се чуваат податоците од категориите „Профил", „Известувања" и „Согласности". Кај регистриран профил на серверот се чува и копија од сè што внесувате во Апликацијата, заедно со Вашите поставки, за да може да се врати на нов уред.
Дозволи на уредот. Апликацијата бара дозвола само за известувања (по избор; без неа нема потсетници). Ако го вклучите заклучувањето, Апликацијата ја користи функцијата за отклучување на самиот уред. Отпечатокот или лицето ги споредува исклучиво оперативниот систем, во заштитениот дел на уредот; Апликацијата од него добива единствено одговор „да" или „не" — дали проверката успеала. Ниту слика, ниту образец, ниту кој било друг биометриски податок не стигнува до Апликацијата или до Lady I. Lady I не прима, не чува и не обработува биометриски податоци. Апликацијата не бара пристап до локација, камера, контакти, микрофон ниту датотеки.
5. Зошто и врз која основа ги обработуваме податоците
- Цел
- Следење и проценки во Апликацијата; кај регистриран профил и копија на серверот, за да можете да ги вратите податоците
- Податоци
- профил, дневник на здравје, регистрација
- Правна основа (ЗЗЛП / GDPR)
- изречна согласност за здравствените податоци (ЗЗЛП чл. 13 ст. 2 т. 1 / GDPR чл. 9(2)(a)); договор за профилот и регистрацијата (ЗЗЛП чл. 10 ст. 1 ал. 2 / GDPR чл. 6(1)(b))
- Колку долго
- додека го користите профилот, до бришење од Ваша страна
- Цел
- Потсетници и известувања на уредот
- Податоци
- поставки, идентификатор за известувања, датуми од дневникот
- Правна основа (ЗЗЛП / GDPR)
- Ваша согласност (ЗЗЛП чл. 10 ст. 1 ал. 1 / GDPR чл. 6(1)(a))
- Колку долго
- додека се вклучени; евиденцијата на испратени известувања — 60 дена
- Цел
- Пораки од гинеколог и новости за апликацијата
- Податоци
- избран режим, животна фаза, јазик, статус на членство
- Правна основа (ЗЗЛП / GDPR)
- Ваша изречна согласност, посебна од онаа за здравствените податоци (чл. 96 ЗЗЛП)
- Колку долго
- додека не ја исклучите
- Цел
- Членство и плаќања
- Податоци
- податоци за плаќања, статус на претплата
- Правна основа (ЗЗЛП / GDPR)
- договор со Вас; законска обврска за сметководство и даноци
- Колку долго
- во рокот утврден со применливите прописи
- Цел
- Поддршка и одговор на Ваши барања
- Податоци
- поддршка, согласности
- Правна основа (ЗЗЛП / GDPR)
- договор со Вас; законска обврска
- Колку долго
- 2 години од затворање на барањето
- Цел
- Безбедност, откривање злоупотреба, извештаи за грешки
- Податоци
- технички податоци, записи на серверот
- Правна основа (ЗЗЛП / GDPR)
- легитимен интерес Апликацијата да работи безбедно (ЗЗЛП чл. 10 ст. 1 ал. 6 / GDPR чл. 6(1)(f))
- Колку долго
- записи до 30 дена; извештаи до 90 дена
- Цел
- Евиденција на дадените согласности
- Податоци
- видот и верзијата на согласноста, датумот
- Правна основа (ЗЗЛП / GDPR)
- законска обврска
- Колку долго
- додека трае профилот
- Цел
- Статистика за работата на Апликацијата
- Податоци
- збирни бројки, без поединечни податоци
- Правна основа (ЗЗЛП / GDPR)
- легитимен интерес
- Колку долго
- без ограничување, бидејќи не се лични податоци
Давањето на податоците не е законска обврска, туку истото се прави по волја на Корисничката. Сепак, треба да се има предвид дека без податоците за циклусот Апликацијата не може да прави проценки.
Ограничување на целта. Личните податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел освен за целта заради која се собрани. Обработка за друга цел може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.
Согласноста можете да ја повлечете во секое време (точка 10), без последици за законитоста на обработката пред повлекувањето.
6. Проценки, персонализација и автоматизирани одлуки
Проценките (очекувана менструација, плоден прозорец, гестациска недела, сигнали за внимание) се пресметуваат на Вашиот уред од датумите што ги внесувате, по правила однапред утврдени од лекар. Тие се информативни и не се дијагноза.
Апликацијата не користи вештачка интелигенција и не носи автоматизирани одлуки кои произведуваат правни или слично значајни последици за Вас, ниту создава профили за други цели. Пресметките се детерминистички: истите внесови секогаш даваат ист резултат.
Содржината и пораките се прилагодуваат само според избраниот режим, животната фаза, јазикот и статусот на членство.
7. Кој има пристап до Вашите податоци
Вие. Единствено Вие го гледате Вашиот дневник на здравје, на уредот и преку Вашиот профил.
Lady I. Овластени лица кај Lady I, под обврска за доверливост, можат да ги видат само податоците од категоријата „Профил" (точка 4), дали профилот е регистриран, статусот на членство и пораките што сте ги испратиле до поддршката. Дневникот на здравје не им е достапен — ниту кога за регистриран профил на серверот се чува копија од него; за него постојат само збирни бројки. Пристапот е ограничен на минимум и е технички разделен: административниот панел нема пристап до дневникот на здравје.
Д-р Гошева. Ја пишува медицинската и едукативната содржина и пораките. Пораките се испраќаат до сите кориснички во избрана група (според режим, јазик или членство), никогаш до поединечна корисничка; во Апликацијата нема допишување меѓу корисничка и докторката. Како овластено лице на Lady I, д-р Гошева го гледа истиот ограничен опсег податоци наведен погоре — не и дневникот на здравје.
Обработувачи. Даватели на услуги кои обработуваат податоци во наше име, по наши упатства и врз основа на договор за обработка (ЗЗЛП чл. 32 / GDPR чл. 28). Целосниот список со називи, земји и заштитни мерки е во Прилог А.
Надлежни домашни или странски органи. Само под условите од точка 14.
Освен наведените, Вашите податоци не се откриваат никому.
8. Пренос на податоци надвор од Република Северна Македонија
Податоците се чуваат на сервер во Франкфурт, Сојузна Република Германија.
За пренос во земји членки на Европската Унија и на НАТО, вклучително и Соединетите Американски Држави, членот 48 од ЗЗЛП не бара дозвола; Lady I секогаш го пријавува преносот до Агенцијата за заштита на личните податоци пред започнување на преносот.
Кај секој давател надвор од Европската Унија применуваме стандардни договорни клаузули или сертификација по Рамката за приватност на податоци ЕУ–САД. Пристапот на Lady I од Република Северна Македонија до податоците чувани во Германија е покриен со стандардни договорни клаузули (модул 4) во договорот со давателот на облак-услуги. Копија од заштитните мерки можете да добиете од офицерот за заштита на личните податоци.
За корисничките во Европската Унија и Европскиот економски простор важи Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR). Вашите податоци ги обработуваме според нејзините правила и се придржуваме до нејзините одредби за пренос (чл. 44–49). Види Прилог Б.
9. Колку долго ги чуваме податоците
- Профил, регистрација и дневник на здравје: додека го користите профилот, односно додека сами не ги избришете податоците. Не применуваме автоматско бришење по одреден период на неактивност; бришењето е во секое време во Ваши раце, преку Профил.
- Бришење од Ваша страна: во Профил можете во секое време трајно да ги избришете сите податоци од уредот и од серверот. Бришењето се извршува веднаш; резервните копии кај давателот на облак-услуги се бришат најдоцна 30 дена потоа, а нашите обработувачи ги бришат своите копии во истиот рок. Ако веќе ја немате Апликацијата, бришење можете да побарате на ladyiapp.com/brisenje-na-smetka.
- Податоци за плаќања: во рокот утврден со прописите за сметководство и даноци, само во обем потребен за тие цели.
- Известувања: во Апликацијата 3 дена; евиденција на испратени известувања 60 дена; идентификаторот за известувања додека уредот прима известувања.
- Извештаи за грешки: 90 дена. Записи на серверот: до 30 дена.
- Поддршка: 2 години од затворање на барањето.
10. Вашите права
Овие права Ви ги признаваме без оглед на тоа каде живеете. Тие го следат највисокиот стандард — оној на ЗЗЛП и на GDPR — и ги применуваме еднакво за сите кориснички во светот.
- информираност — оваа Политика;
- пристап до Вашите податоци и копија од нив — во Профил → „Преземи ги моите податоци" добивате целосна копија веднаш;
- исправка — сите внесови ги менувате сами во Апликацијата;
- бришење („право да се биде заборавен") — во Профил → „Избриши ги моите податоци"; преку Апликацијата се извршува веднаш, по барање најдоцна во рок од 30 дена, а ако веќе ја немате Апликацијата — на ladyiapp.com/brisenje-na-smetka;
- ограничување на обработката и приговор на обработката;
- преносливост — копијата од Профил е во структуриран, машински читлив формат;
- повлекување на согласноста во секое време, исто толку едноставно како што сте ја дале;
- да не бидете предмет на автоматизирана одлука со правни последици.
Барањата ги праќате на support@ladyiapp.com. Одговараме без одложување, а најдоцна во рок од еден месец, бесплатно.
Кај профил без регистрација ќе побараме да го потврдите пристапот до уредот или идентификаторот прикажан во Профил, бидејќи поинаку не можеме да Ве поврземе со податоците. Нема да бараме документ за идентификација ниту ЕМБГ за профил без регистрација — за таков профил правата се остваруваат преку функциите за извоз и бришење во самата Апликација, кои даваат ист резултат веднаш.
Поплаки. Секоја корисничка на Апликацијата има право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, односно до друг надлежен надзорен орган наведен подолу, ако смета дека со обработката на нејзините лични податоци Lady I, како контролор, го повредила ЗЗЛП или друг применлив пропис.
Независно од сите достапни управни или вонсудски средства за правна заштита, вклучително и правото на барање до Агенцијата, секој субјект на лични податоци има право на ефективна судска заштита, со тужба до надлежниот суд, кога смета дека со обработка на неговите лични податоци спротивна на ЗЗЛП му се повредени правата утврдени со тој закон.
- Република Северна Македонија — Агенција за заштита на личните податоци, бул. „Гоце Делчев" бр. 18 (зграда на МРТВ, кат 14), пошт. фах 417, 1000 Скопје; тел. +389 2 3230 635; info@privacy.mk; www.azlp.mk
- Европска Унија / ЕЕП — надзорниот орган во земјата во која живеете или работите, или во која е настаната наводната повреда (види Прилог Б);
- Обединето Кралство — Information Commissioner's Office, ico.org.uk;
- Соединети Американски Држави — надлежниот државен обвинител (Attorney General) на сојузната држава во која живеете (види Прилог В).
И во останатите јурисдикции, независно од поплаката до надзорниот орган, имате право на судска заштита пред надлежниот суд.
11. Деца
Апликацијата е наменета за женски лица од 14 години нагоре. Под 14 години Апликацијата не смее да се користи, ни со согласност на родител или законски застапник.
Возраста од која лице може самостојно да даде согласност за услуги на информатичкото општество се разликува по земји. За корисничките што имаат најмалку 14 години, но се под возраста од табелата, согласност дава родител или законски застапник преку Апликацијата, пред да може да се користат функциите што обработуваат здравствени податоци.
- Подрачје
- Република Северна Македонија
- Возраст за самостојна согласност во Апликацијата
- 14 години
- Основ
- ЗЗЛП чл. 12
- Подрачје
- Европска Унија / ЕЕП
- Возраст за самостојна согласност во Апликацијата
- 16 години
- Основ
- GDPR чл. 8 (од 13 до 16 години, зависно од земјата; Апликацијата не ја утврдува земјата, па ја применува највисоката граница)
- Подрачје
- Обединето Кралство
- Возраст за самостојна согласност во Апликацијата
- 14 години
- Основ
- UK GDPR (од 13 години); најмалата возраст за Апликацијата е 14 години
- Подрачје
- Соединети Американски Држави
- Возраст за самостојна согласност во Апликацијата
- 14 години
- Основ
- COPPA (деца под 13 години); најмалата возраст за Апликацијата е 14 години
- Подрачје
- Останати земји
- Возраст за самостојна согласност во Апликацијата
- 16 години
- Основ
- наше правило
Кога согласност дава родител или законски застапник, преземаме разумни чекори да потврдиме дека согласноста доаѓа од родителот или застапникот. Ако дознаеме дека сме собрале податоци од дете без потребната согласност, ги бришеме без одложување.
12. Како ги штитиме податоците
Lady I применува технички и организациски мерки соодветни на ризикот за здравствени податоци (ЗЗЛП чл. 36 / GDPR чл. 32):
- шифриран пренос меѓу Апликацијата и серверот и шифрирано чување кај давателот на облак-услуги;
- податоците на уредот се заштитени со заклучувањето на самиот уред и со механизмите за изолација на апликациите на оперативниот систем; по избор и со дополнително заклучување со отпечаток или лице во Апликацијата;
- на серверот секој профил е изолиран: техничко правило дозволува пристап само до сопствените податоци;
- пристапот на овластените лица е сведен на минимум и е ограничен со правила на ниво на база на податоци;
- редовни резервни копии, ажурирања и проверки на безбедноста;
- проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци (ЗЗЛП чл. 39 / GDPR чл. 35) пред воведување нови обработки;
- без рекламни и аналитички алатки во Апликацијата.
Дел од заштитата зависи од Вас: заклучувајте го уредот, вклучете го заклучувањето во Апликацијата ако уредот го користат и други, и знајте дека известувањата можат да бидат видливи на заклучен екран (видливоста ја контролирате во поставките на уредот).
13. Колачиња
Апликацијата не користи колачиња ниту слични технологии за следење.
Веб-страницата ladyiapp.com не поставува колачиња: ниту неопходни, ниту за аналитика, за реклами или за следење меѓу страници. Затоа на неа не се бара согласност за колачиња.
14. Барања од органи и од странски власти
Податоците за менструалниот циклус, плодноста и бременоста се особено чувствителни: во некои држави тие можат да бидат побарани од органи во судски, истражни или управни постапки. Затоа за секое барање за откривање податоци ги применуваме правилата што следуваат, без исклучок.
Нашето правило: податоци откриваме единствено врз основа на правно обврзувачка одлука на надлежен орган на Република Северна Македонија, или на странски орган кога таквата одлука е призната и извршна согласно македонското право или согласно меѓународен договор што ја обврзува Република Северна Македонија. Барање од странски орган упатено директно до нас, без таква основа, не го извршуваме.
Кога добиеме барање:
- го проверуваме основот и обемот и го оспоруваме ако е преширок или без основ;
- ги откриваме само податоците што ги бара одлуката, никогаш повеќе;
- Ве известуваме пред откривањето, освен ако тоа изречно ни е забрането со закон или со одлуката; ако е забрането, Ве известуваме веднаш штом забраната престане;
- водиме евиденција за секое такво барање.
Што фактички можеме да откриеме. Кај профил без регистрација ние не знаеме кој стои зад идентификаторот, а дневникот на здравје се наоѓа само на Вашиот уред — до него ние немаме пристап, па преку нас до него не може да дојде ниту органот. Кај регистриран профил на серверот постои копија од податоците, поврзана со Вашата е-пошта. Ако ги избришете податоците, тие се недостапни и за нас.
15. Нарушување на безбедноста на личните податоци
Ако настане нарушување на безбедноста што може да доведе до ризик за Вашите права:
- ја известуваме Агенцијата за заштита на личните податоци во рок од 72 часа од дознавањето (ЗЗЛП чл. 37 / GDPR чл. 33), а кога сте во ЕУ и надлежниот надзорен орган;
- Вас Ве известуваме без одложување кога нарушувањето може да доведе до висок ризик за Вашите права и слободи (ЗЗЛП чл. 38 / GDPR чл. 34), преку Апликацијата и, ако имаме, на е-пошта;
- за корисничките во Соединетите Американски Држави известуваме и согласно Health Breach Notification Rule на Федералната трговска комисија, кое се применува на Апликацијата: погодените кориснички и Комисијата во рок од 60 дена од откривањето, а медиумите кога се погодени 500 или повеќе жители на една сојузна држава;
- водиме внатрешна евиденција за секое нарушување, со преземените мерки.
16. Измени на Политиката
Lady I го задржува правото текстот на оваа Политика да го менува одвреме-навреме за да ги одрази измените во процесите за прибирање и обработка на личните податоци, како и евентуалните измени во применливото законодавство.
За сите измени ќе објавиме известување во самата Апликација, а измените ќе бидат внесени и во ажурираниот текст на Политиката. За суштински измени ќе Ве известиме најмалку 15 дена пред да стапат во сила; ако новата обработка бара согласност, ќе ја побараме одвоено.
Актуелната верзија е секогаш достапна во Профил и на ladyiapp.com/privatnost, со датум и верзија.
Историја на верзии
- Верзија
- 1.0
- Датум
- 【датум】
- Што е изменето
- прва објавена верзија
17. Контакт
Lady I, 【адреса】, Скопје, Република Северна Македонија
- Офицер за заштита на личните податоци и поддршка: support@ladyiapp.com
- Правни прашања: info@ladyiapp.com
- Претставник во ЕУ: 【назив, адреса, е-пошта】
- Претставник во Обединетото Кралство: 【назив, адреса, е-пошта】
Доколку имате какви било коментари, прашања или нејаснотии во врска со која било информација содржана во оваа Политика или во врска со обработката на личните податоци од страна на Lady I, Ве молиме контактирајте нè на горенаведените адреси.
18. Правна рамка и поими
Оваа Политика е изготвена според Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ" бр. 42/20, 294/21 и 101/25, „ЗЗЛП") и подзаконските акти на споменатиот закон; за корисничките во Европската Унија и Европскиот економски простор — и според Општата регулатива за заштита на податоците (ЕУ) 2016/679 („GDPR"); а за корисничките во Обединетото Кралство — и според UK GDPR и Data Protection Act 2018.
Поимите „контролор", „обработувач", „субјект на лични податоци", „посебни категории на лични податоци" и „псевдонимизација" го имаат значењето од чл. 4 од ЗЗЛП, односно чл. 4 од GDPR.
Меродавен јазик. Политиката е достапна на македонски, на албански и на англиски јазик. Македонската верзија на оваа Политика е изворна. Преводите се објавуваат заради разбирливост; во случај на несогласување меѓу верзиите, за корисничките во Република Северна Македонија меродавна е македонската верзија, а за сите останати — англиската.
Прилог А. Список на обработувачи
Се ажурира без измена на Политиката; актуелен на ladyiapp.com/obrabotuvaci.
- Давател
- Supabase Inc.
- Услуга
- база на податоци, најава, складирање, серверски функции
- Земја на обработка
- Германија (ЕУ)
- Заштитна мерка
- договор за обработка со стандардни договорни клаузули (модули 3 и 4); пријава до АЗЛП
- Давател
- Google LLC (Firebase Cloud Messaging)
- Услуга
- испорака на известувања до Android уреди
- Земја на обработка
- ЕУ/САД
- Заштитна мерка
- Рамка за приватност ЕУ–САД; договор за обработка
- Давател
- 650 Industries, Inc. (Expo)
- Услуга
- препраќање на известувања и ажурирања на Апликацијата
- Земја на обработка
- САД
- Заштитна мерка
- стандардни договорни клаузули 【сертификацијата по Рамката се потврдува пред објавување】
- Давател
- Vercel Inc.
- Услуга
- хостирање на административниот панел и на веб-страницата ladyiapp.com
- Земја на обработка
- Германија (ЕУ)
- Заштитна мерка
- Рамка за приватност ЕУ–САД; договор за обработка
- Давател
- Интернационален Картичен Систем АД Скопје (cPay)
- Услуга
- картично плаќање
- Земја на обработка
- Република Северна Македонија
- Заштитна мерка
- PCI DSS; договор
- Давател
- Google Ireland Ltd (Google Play)
- Услуга
- членство преку продавница, Google најава
- Земја на обработка
- ЕУ
- Заштитна мерка
- услови на Google Play
- Давател
- 【Давател на е-пошта】
- Услуга
- еднократни кодови и пораки за поддршка
- Земја на обработка
- 【земја】
- Заштитна мерка
- 【мерка】
- Давател
- Functional Software, Inc. (Sentry)
- Услуга
- извештаи за грешки
- Земја на обработка
- Германија (ЕУ) 【ЕУ-регионот се потврдува пред објавување】
- Заштитна мерка
- договор за обработка
- Давател
- RevenueCat, Inc.
- Услуга
- управување со претплати
- Земја на обработка
- САД
- Заштитна мерка
- стандардни договорни клаузули
Прилог Б. Дополнение за Европската Унија, Европскиот економски простор и Обединетото Кралство
Овој прилог важи ако живеете во Европската Унија, Европскиот економски простор или Обединетото Кралство. Основниот дел од Политиката важи и за Вас во целост.
1. Применливост на GDPR. Lady I има седиште во Република Северна Македонија, но нуди услуги на лица во Унијата, па за таа обработка се применува GDPR (чл. 3 ст. 2).
2. Претставници по чл. 27. Во Европската Унија: 【назив, адреса, е-пошта】. Во Обединетото Кралство (чл. 27 од UK GDPR): 【назив, адреса, е-пошта】. Можете да му се обратите на претставникот по сите прашања за обработката, наместо или покрај обраќањето до нас.
3. Правни основи по GDPR. Табелата во точка 5 ги наведува основите паралелно по ЗЗЛП и по GDPR. За здравствените податоци основот е изречна согласност по чл. 9(2)(a).
4. Пренос на податоци. Податоците се чуваат во Германија. Кога давател обработува податоци надвор од ЕЕП, применуваме стандардни договорни клаузули одобрени од Европската комисија, а онаму каде што е применливо и сертификација по Рамката за приватност ЕУ–САД. Самата Lady I има седиште во Република Северна Македонија, земја без одлука за соодветност; нејзиниот пристап до Вашите податоци е покриен со стандардните договорни клаузули (модул 4) во договорот со давателот на облак-услуги. Копија од мерките е достапна на барање.
5. Вашите права и надзорен орган. Правата од точка 10 одговараат на чл. 15–22 од GDPR. Поплака можете да поднесете до надзорниот орган во земјата во која живеете, работите, или во која е настаната наводната повреда (чл. 77). Списокот на органите е објавен на edpb.europa.eu. Во Обединетото Кралство надлежен е Information Commissioner's Office.
6. Проценка на влијанието. За обработката на здравствени податоци во Апликацијата е спроведена проценка на влијанието врз заштитата на податоците согласно чл. 35 од GDPR.
Прилог В. Дополнение за Соединетите Американски Држави
Овој прилог важи ако живеете во Соединетите Американски Држави.
1. Известување за здравствени податоци на потрошувачот. За целите на Законот My Health My Data на сојузната држава Вашингтон и на слични прописи, Lady I ги известува корисничките за следново:
- Барање
- Категории здравствени податоци што ги собираме
- Одговор
- точка 4 од Политиката — профил, дневник на здравје, проценки
- Барање
- Извори
- Одговор
- исклучиво Вие; ништо не купуваме и не преземаме од трети лица
- Барање
- Цели на обработка
- Одговор
- точка 5 од Политиката
- Барање
- Категории на трети лица со кои се споделуваат
- Одговор
- само обработувачите од Прилог А, кои дејствуваат по наши упатства
- Барање
- Продажба на здравствени податоци
- Одговор
- не продаваме и нема да продаваме; не бараме овластување за продажба бидејќи продажба не вршиме
- Барање
- Како се остваруваат правата
- Одговор
- преку Профил во Апликацијата или на support@ladyiapp.com
- Барање
- Рок за одговор
- Одговор
- најдоцна 45 дена, со можност за продолжување за уште 45 дена кај сложени барања
- Барање
- Бришење
- Одговор
- од нашите системи веднаш, од резервните копии најдоцна 30 дена; обработувачите бришат во истиот рок
- Барање
- Жалба
- Одговор
- ако одбиеме барање, можете да поднесете жалба на support@ladyiapp.com; одговараме писмено во рок од 45 дена, а ако жалбата е одбиена, Ве упатуваме како да се обратите до државниот обвинител на Вашата сојузна држава
Ова известување е објавено и како посебна страница на ladyiapp.com/consumer-health-data.
2. Согласност. Собирањето здравствени податоци се врши врз основа на Ваша изречна претходна согласност дадена во Апликацијата. Споделувањето со обработувач заради давање на самата услуга е опфатено со истата согласност и е ограничено на Прилог А.
3. Права по државни прописи. Зависно од сојузната држава во која живеете (меѓу другите Калифорнија, Колорадо, Конектикат, Вирџинија, Орегон, Тексас, Делавер), имате право на пристап, бришење, исправка, преносливост и приговор. Lady I ги признава овие права на сите кориснички во САД, без оглед на државата, преку функциите во Профил. Во Калифорнија Апликацијата се третира како давател на здравствена заштита според Confidentiality of Medical Information Act за податоците за репродуктивното здравје што ги внесувате, и ги чуваме доверливо согласно тој закон. Во Вирџинија податоци за репродуктивното или сексуалното здравје собираме само со Ваша претходна изречна согласност (opt-in). Во Конектикат Вашите здравствени податоци се чувствителни податоци што ги обработуваме само со Ваша согласност.
4. Ние не ги продаваме податоците и не ги делиме за рекламирање меѓу различни услуги (cross-context behavioral advertising). Не примаме плаќање ниту друга противвредност за Ваши податоци.
5. Известување за нарушување. Види точка 15. За целите на Health Breach Notification Rule на Федералната трговска комисија Lady I е давател на лични здравствени записи (vendor of personal health records) и известува како што тоа правило бара.
6. Надзор. Поплака можете да поднесете до државниот обвинител на Вашата сојузна држава, а во Вашингтон имате и право на самостојна тужба согласно My Health My Data Act.
Прилог Г. Образец за барање на субјектот на лични податоци
Овој образец е наменет за кориснички со регистриран профил. За профил без регистрација образецот не е потребен: правата се остваруваат веднаш во Апликацијата, преку Профил → „Преземи ги моите податоци" и „Избриши ги моите податоци". Ако сепак поднесете барање, ќе го побараме идентификаторот прикажан во Профил, бидејќи поинаку не можеме да Ве поврземе со профилот (точка 10).
На ден \_\_\_\_\_\_\_\_ година, јас, долупотпишаната, со следниве податоци:
- Име и презиме: \_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_
- Идентификатор на профилот (од Профил во Апликацијата): \_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_
- Контакт (е-пошта): \_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_
барам од Контролорот да ми овозможи остварување на *(означете)*:
- ☐ право да бидам информирана за личните податоци што се обработуваат и за целите и правната основа
- ☐ право на пристап до моите лични податоци
- ☐ право на дополнување или измена
- ☐ право да бидам заборавена / право на бришење
- ☐ право на ограничување на обработката
- ☐ право на преносливост
- ☐ право на приговор на обработката
- ☐ право на повлекување на согласноста
- ☐ право да не бидам предмет на одлука донесена единствено врз основа на автоматизирана обработка, вклучувајќи профилирање
Барањето го поднесувам од причина што *(краток опис)*:
\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_
Потпис: \_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_\_
↑ Назад на врвот